ВИДЕО: Спречен терористички напад во центарот на Москва

Од:

Во главниот град на Русија бил спречен терористички напад планиран од мигрант од земја во Централна Азија, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Според безбедносните органи, странскиот државјанин, за кого биле најдени докази дека имал врски со позната терористичка организација забранета во земјата, бил откриен и ликвидиран во напуштена гаража во градот Химки, на околу 20 километри од Москва.

На снимката што ја објави Федералната служба за безбедност, човек, кој е претставен како брат на убиениот, вели дека ја информирал полицијата за врските на неговиот брат со неименувана терористичка група во Сирија.

„Терористот отвори оган со автоматско оружје врз припадниците на безбедносните органи и беше неутрализиран со повратен оган. Федералната служба за безбедност на Русија, заедно со Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет, ја прекинаа активноста на член на терористичка организација која планирала да изврши терористички напад во центарот на Москва“, стои во соопштението на ФСБ.

При претресот на местото, пронајдена е автоматска пушка „Калашников“, три касетни бомби, две гранати „Ф-1“ и една граната „РГД“.

Исто така, откриено е дека терористот бил државјанин на една од централноазиските земји, поранешни советски републики, кој живеел во изнајмен стан во Москва. Руските власти информираат дека потрагата по можни соучесници продолжува се додека не биде разбиена криминалната мрежа.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим