Според Корбин, постапките на Џонсон се неуставни

Од:

Лидерот на опозициската британска Лабуристичка партија Џереми Корбин изјави дека инсистирањето Велика Британија без договор да ја напушти Европската унија за време на изборна кампања е „невидена, противуставна и антидемократска злоупотреба на службената должност“ од страна на премиерот Борис Џонсон.

Во писмото, кое вчера било упатено до генералниот секретар на Владата Марк Седвил, Корбин истакна дека лабуристите никогаш нема да поддржат Брегзит без договор со ЕУ и изрази загриженост дека извештаите укажуваат дека Џонсон ќе го направи токму тоа.

Весникот „Фајненшл тајмс“ вчера објави дека Џонсон планира вонредни избори неколку денови по Брегзит доколку пратениците ја соборат неговата влада, изгласувајќи и недоверба. Весникот, повикувајќи се на анонимни високи советници на британскиот премиер, наведува дека се очекува премиерот да се соочи со гласање недоверба многу брзо откако Парламентот ќе се врати од летниот одмор.

– Ние не можеме да спречиме да не принудат на нови избори, но ја контролираме временската рамка за да закажеме датум на избори по 31 октомври. Доколку мора да има парламентарни избори, тие ќе се одржат неколку денови по 31 октомври, истакнал висок претставник на Даунинг Стрит. Тоа е датумот до кој Велика Британија треба да ја напушти ЕУ. Доколку до тогаш во британскиот Парламент не се усвои договорот, кој претходно беше испреговаран со ЕУ или не се постигне нов, Британија ќе излезе од ЕУ без договор, што според многумина е погубно решение.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он