„Спејс Икс“ испрати уште 46 сателити „Старлинк“ во орбитата

Од:

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Старлинк, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.

Лансирањето од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи вчера во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.

Мрежата Старлинк е создадена за да обезбеди пристап до интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.

„Спејс Икс“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкуÐ �но 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.

Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Старлинк во орбитата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Историски лет на најмоќната ракета во светот: „Старшип“ на Маск изведе невеојатен потфат

Катерина Ѓуровски

„Делта“ го тестираше интернетот на „Старлинк“

Маск ќе лансира сателит во орбитата на Месечината, ќе се финансира со „доџкоин“

Жарко Настоски

Спејс Икс утре ќе однесе четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица

Ана Ололовска

Илон Маск продолжува со градбата на новите погони во Тексас

Ана Ололовска

„Спејс Икс“ лансира ракета носач со 60 микросателити

Ана Ололовска