Маск ќе лансира сателит во орбитата на Месечината, ќе се финансира со „доџкоин“

Од:

Компанијата Спејс Икс (SpaceX) ќе лансира сателит во орбитата на Месечината во 2022 година, кој ќе биде целосно финансиран со криптовалутата „доџкоин“, објави сопственикот на компанијата, американскиот милијардер илон Маск.

„Спејс Икс“ ќе го лансира сателитот Доџ-1 на Месечината следната година, а мисијата е финансирана со доџкоин“, напиша Маск на Твитер.

На веб-страницата на канадската компанија Геометриска енергетска корпорација (ГЕЦ), која е сопственик на сателитот, е наведено дека тој ќе биде лансиран во првиот квартал од 2022 година со помош на ракетата-носач „Фалкон 9“.

Сателитот ќе го испрати компанијата со помош на комерцијална програма за лансирање свемирски летала понудена од „Спејс икс“. Вредноста не е објавена.

На почетокот на април, Маск објави на Твитер дека „Спејс икс“ буквално ќе испрати доџкоин на Месечината, но тогаш тој не објасни што точно мисли.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Метеорит снимен во пад над Хрватска

Ана Ололовска

Од бурите со прав испарува водата на Марс

Ана Ололовска

Нова иницијатива за барање докази за вонземска технологија

Ана Ололовска

Безос нуди две милијарди долари за да се врати во трката за Месечината

Ана Ололовска

„Упорност“ се подготвува го земе првиот примерок од карпа на Марс

Ана Ололовска

ВИДЕО: Безос денеска се додава на „клубот на астронаути“

Ана Ололовска