Илон Маск продолжува со градбата на новите погони во Тексас

Од:

Спејс-Икс гради нова фабрика во Тексас за своите сателити „Старлинк“, соопшти компанијата, што потврдува дека нејзиниот сопственик, милијардерот Илон Маск продолжува да вложува во оваа американска сојузна држава.

Маск, кој раководи и со неколку други „футуристички“ компании – „Тесла“, „Неуралинк“ и „Боринг ко.“, во декември се пресели од Калифорнија во Тексас, за да им се посвети на новите погони, наменети, меѓу другото, и за производство на електрични автомобили.

Маск вчера на Твитер објави дека „го создава градот Старбејз, Тексас“, без дополнително објаснување. „Сарлинк“, инаку, планира мрежа од десетици илјади сателити во ниската орбита на Земјата, за да се обезбеди побрз интернет насекаде низ светот.

Извршниот директор на „Тесла“ претходно изјави дека „Старлинк“, засега со седиште во Редмонд, Вашингтон, САД, ќе биде клучен извор на финансирање за пошироките планови, како што е развој на ракета „Старшип“, за лет до Месечината и на крајот – обид за испраќање луѓе на Марс.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски