Специјална седница на Владата во Мадрид за наследството на шпанската круна

Од:

Владата на Шпанија денеска одржува специјална седница посветена на наследството на престолот од страна на принцот Фелипе, по вчерашната абдикација на кралот Хуан Карлос.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека целта на оваа седница е определувањето на уставните мерки кои се потребни за да се обезбеди кралското наследство.

Шпанскиот Устав нема прецизни одредби околу абдикацијата, како и за пренос на кралската круна на наследникот, па затоа е потребна дополнителна законска регулатива за успешно спроведување на целиот тој процес, што е новина за земјата.

Кралот Хуан Карлос (76) абдицираше вчера, по 39 години на шпанскиот престол, објаснувајќи ја својата постапка со потребата за подмладување на врвот на државата.

Во своето обраќање до шпанската јавност, Хуан Карлос рече дека неговиот син Фелипе е подготвен да биде новиот крал, нагласувајќи дека со него „се отвора нова ера за надеж на Шпанија“.

Хуан Карлос беше определен за првиот шпански монарх, по 44 години, откако со граѓанската војна на почетокот од триесетите години на 20 век беше укината монархијата. На престолот тој стапи во 1975 година, по смртта на диктаторот Франциско Франко, кој 36 години управуваше со земјата.

Хуан Карлос поради својата значајна улога во транзицијата од автократија кон демократијата, а особено кон зацврснувањето на парламентраната монархија, за што тој од почетокот се застапуваше, беше мошне популарен во земјата и важеше за еден од најпопуларните монарси во светот.

Неговата популарност се зголеми по успешното справување со обидот за воен удар во 1981 година и со сепаратистичките движења во Баскија и Каталонија, поставувајќи се како гарант на целовитоста на земјата.

Последниве години, Шпанците се разочарани од Хуан Карлос и од кралското семејство поради низата скандали со кои се соочија, а тоа предизвика опаѓање на угледот на монархијата.

Идниот шпански крал, Фелипе (45) и неговата сопруга Летиција се популарни во домашната јавност и тие не се вмешани во ниту една од аферите во кралската куќа, но нив ќе им треба многу работа за да го вратат угледот на монархијата, поради што и постои стравување дали синот на Хуан Карлос може тоа да го направи.

Абдикацијата на шпанскиот крал беше повод екстермната левица и разните републикански организации да организираат протести во Мадрид на кои се бараше враќање на републиката од 1931 година.

Двете главни шпански партии, остануваат лојални на монархијата.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски