Создадени клетки кои го „убиваат“ ракот

Од:

Научниците по првпат создадоа клетки кои можат да ги убијат канцер клетките. За ова откритие заслужни се јапонските научници, кои создадоа Т-клетки „убијци“ на клетките на рак.

Тие тврдат дека тие можат директно да се вбризгаат во канцерот на пациентот.

Нив природно ги создава телото, но во недоволно голем број, па со инјектирање на такви клетки во телото, моментално би се поттикнал имунолошкиот систем и би се помогнало да се изборат со болеста.

За да ги создадат, научниците прво ги репрограмирале Т-лимфоцитите, специјализирани за убивање на одредени типови канцер, во друг тип клетки под назив плурипотентни матични клетки (iPS клетки).

Од нив потоа развиле целосно активни Т-лимфоцити специјализирани за уништување на клетките канцер.

Овие лимфоцити во иднина би можеле да бидат стандардна терапија, но дотогаш е потребно да се извршат уште многу испитувања.

Претходните истражувања покажале дека Т-клетките создадени во лабораторија со употреба на конвенционални методи не се доволно добри, бидејќи имаат кус животен век.

За да го надминат тоа, јапонските научници предводени од Хирошима Кавамото, репрограмирале зрел човечки Т-лимфоцит во iPS клетка и испитале како овие клетки ќе се разликуваат.

Потоа предизвикале нивно повторно претворање во Т-лимфоцити.

– Следниот чекор ќе биде тестирање дали овие Т-клетки ќе можат селективно да убиваат клетки на тумор, а да не го оштетат здравото ткиво. Ако можат, тогаш во иднина би се вбризгувале директно во организмот на пациентот. Тоа би можело да се случи во не толку далечна иднина, вели Кавамото.

Откритијата се објаени во списанието „Cell Stem Cell“.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

Орце Костов

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска