Членките на Генералното собрание на Обединетите Нации утре ќе избираат пет нови непостојани членки на Советот за безбедност, а се претпоставува дека изборот на Аргентина и Руанда е загарантиран, додека за трите преостанати места ситуацијата е неизвесна.
За избор на членови потребни се 129 гласови или две третини од Генералното собрание на ОН, кое се состои од 193 членови.
Во групата од Западна Европа и други земји, за место се во трка Австралија, Финска и Луксембург. Меѓутоа првите две имаат повеќе поддршка, според АФП.
Австралија, која интезивно лобирала за место, досега четири пати била член на Советот за безбедност, а Финска двапати. За едно место кое му припаѓа на азиско-пацифичкиот регион во трка се Јужна Кореја, Бутан и Камбоџа, при што се верува дека Сеул има јасна предност.
Ротирачките членки се избираат за двегодишен мандат, а нивните мандати почнувајќи 1 јануари.
Новоизбраните членови ќе ги заменат Колумбија, Германија, Индија, Португалија и Јужна Африка.