Советот за безбедност на ОН го поддржува Либан во борбата против економската криза и Ковид-19

Од:

Советот за безбедност на Обединетите нации ги поддржува напорите на Либан за спречување на економската криза во земјата и решавање на други предизвици, вклучително и влијанието на Ковид-19 и ја повикува меѓународната заедница да помогне.

Најмоќното тело на Обединетите нации по синоќешниот состанок зад затворени врати објави „дека либанските власти итно треба да одговорат на барањата на либанскиот народ со спроведување смислени економски реформи“ и решавање на безбедносните, хуманитарните и предизвиците на Ковид-19.

Либан, една од најзадолжените земји во светот, во март ја прекина исплатата на државниот долг.

Протестите против владата што избувнаа во октомври запреа од средината на март при затворањето на земјата за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Сега, мерките почнуваат да се олеснуваат.

Либанскиот премиер минатиот четврток изјави дека ќе побара програма за спасување од Меѓународниот монетарен фонд, но демонстрантите повторно се собраа во петокот, критикувајќи ги постапките на Владата во невидената криза во која дојде до колапс на владата, уништување на заштедите, зголемување на цените и инфлација.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда