Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Од:

Израелски воени авиони извршија серија воздушни напади врз цели на Хезболах во долината Бека во источен Либан, соопшти израелската војска.

Во соопштението се вели дека целите, кои „претставувале закана за израелскиот домашен фронт и војници“, вклучувале воен објект со подземна локација за производство на оружје и инфраструктура на граничните премини меѓу Сирија и Либан што Хезболах ги користел за шверцување оружје.

Нападите уследија откако Хезболах вчера лансираше надгледувачко беспилотно летало во Израел, за кое израелската војска соопшти дека е пресретнато и дека акцијата претставува прекршување на договорот за прекин на огнот.

САД во неделата објавија дека договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел, кој вклучува првичен период од 60 дена за повлекување на израелските трупи, ќе остане на сила до 18 февруари, што е продолжување на рокот кој истече на 26 јануари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Вoлц: Израел има право да го брани својот народ од терористите на Хамас

Лекари, медицински сестри, наставници загинаа во израелските напади врз Газа

Израелската војска пресретна две ракети од Јемен

(ВИДЕО) Демонстрантите кои се против Нетанјаху се судрија со израелската полиција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Израелците на улици по нападите на Газа: Нетанјаху се спасува себе си