Израелската армија утре се повлекува од Либан

Од:

Израел планира утре да се повлече од Либан, по продолжувањето на рокот за повлекување на војниците на израелската армија (ИДФ) според договорот за прекин на огнот со Хезболах, објави денеска „Тајмс оф Израел“, цитирајќи неименуван претставник.

„Ние имаме намера да одиме и да го исполниме договорот и се разбира, спроведувањето ќе продолжи“, рече функционерот.

Тој рече дека Израел ќе продолжи „одлучно да го спроведува“ мировниот договор и нема да дозволи повторно да се случи напад сличен на оној на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Би можело да ве интересира

Бен Гвир по смртта на четворица израелски војници: Цел Либан мора да изгори

Загинаа четворица израелски војници

Либан е главна тема на преговорите на Иран со САД

Горан Наумовски

Смотрич: Израелските одбранбени сили остануваат во безбедносната зона во Либан

Горан Наумовски

Москва тврди: „Израел е ранет и незадоволен – ќе се одмазди“

(ВИДЕО) Ганц: „Биби треба да си оди дома“