Смотрич: Израелските одбранбени сили остануваат во безбедносната зона во Либан

Од:

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, денес изјави дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе останат во безбедносната зона што ја одржуваат во Либан со години, сè додека милитантната група Хезболах не се разоружа, и дека нема да се повлечат дури и ако САД експлицитно го побараат тоа.

Во интервју за весникот „Макор Ришон“, Смотрич рече дека не очекува такво барање од САД, велејќи дека САД ги разбираат „црвените линии“ на Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

На прашањето дали армијата ќе остане во Либан со години, крајнодесничарскиот министер одговори потврдно.

„Да, и го велам тоа како некој што моментално преговара за управувањето со одбранбениот буџет за следната деценија“, рече Смотрич.

На прашањето дали Израел треба да воспостави воени позиции и цели бази во безбедносната зона во Либан, Смотрих рече дека „дефинитивно“ треба да го стори тоа.

„Тука сме сè додека Хезболах не се разоружа, а мислам дека дури и потоа, бидејќи ни требаат одбранливи граници. Но, секако, сè додека Хезболах не се разоружа, нема да се помрднеме ни милиметар. Тоа е ставот на премиерот и министерот за одбрана, а и мојот, и ние сме решени да се држиме до него“, заклучи Смотрич.

Би можело да ве интересира

Кац: Не ни треба ничија дозвола за да останеме во Либан

Нетанјаху: ИДФ ќе останат во Либан колку што е потребно

ИДФ: Елиминирани се оперативци на Хамас и Исламски џихад

Бен Гвир по смртта на четворица израелски војници: Цел Либан мора да изгори

Либан е главна тема на преговорите на Иран со САД

Горан Наумовски

Најмалку петмина загинаа во израелски напади во јужен Либан