Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Од:

Израелскиот десничарски политичар и министер Амихаи Елијаху ја критикуваше неговата влада предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, тврдејќи дека Израел се согласил на примирје со Либан „под принуда“ и покрај тоа што не успеал да го победи Хезболах.

Говорејќи за израелскиот весник „Маарив“, Елијаху исто така ги критикуваше условите за прекин на огнот и потпирањето на Тел Авив на Соединетите Американски Држави (САД).

Елијаху, член на екстремно десничарската партија Отзма Јехудит (Еврејски сили) предводена од министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир – кој беше единствениот член на израелскиот безбедносен кабинет што гласаше против договорот – го опиша договорот со Либан како ужасен.

„Договорот нема многу од условите за кои разговаравме – тампон зона и разоружување на Хезболах. Ако сакаме да обезбедиме долгорочна безбедност на северот, треба да донесеме одлука“, рече Елијаху, додавајќи: „Тоа не е победа. Победата е освојување“.

Зборувајќи за улогата на Соединетите Американски Држави во преговорите, Елијаху не е задоволен.

„Свесен сум дека има притисок од американската страна, се надевам дека следната администрација (за време на Доналд Трамп) ќе ни овозможи да се однесуваме поудобно“, додаде тој, исто така, ја критикуваше зависноста на Израел од американската поддршка вклучувајќи ги и воените залихи при што рече дека „додека муницијата ни доаѓа од таа страна, рацете и нозете ни се врзани, нагласи Елијаху.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Амнести интернешнал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

Израелска армија уби тројца членови на Хамас на северот на окупираниот Западен Брег

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

Нетанјаху му се закани на Хезболах: Израел ќе одговори насилно

Израел ја нападна Газа, најмалку 25 загинати и повредени

Хамас тврди дека за време на војната во Газа биле убиени 33 заложници