Советот за безбедност на ОН доби нови непостојани членки

Од:

Советот за безбедност на Обединети нации од денеска има пет нови непостојани членки со двогодишен мандат.

Германија, Белгија, Индонезија, Јужна Африка и Доминиканска Република се новите непостојани земји членки на СБ на ОН избрани по регионален принцип од 1 јануари 2019 до 31 декември 2020 година.

Во изминатите години непостојани членки беа Холандија, Шведска, Казахстан, Етиопија и Боливија.

СБ на ОН има 15 членки од кои пет се поостојани – Франција, Велика Британија, САД, Кина и Русија, а 10 се избираат на период од две години, така што секоја година се заменуваат по пет членки.

Непостојаните земји членки се избираат по регионален принцип. Во непарните години во СБ на ОН влегуваат по една земја од Африка, од Азија и од Јужна Америка и две од групата западни држви, а во парните години се избираат по две земји од Африка и по една од Азија, од Јужна Америка и во Источна Европа. Парната година е почеток на мандатот и за арапска членка.

Од новите непостојани членки најголемо искуство имаат Германија и Белгија, кои шестпати се избрани за тоа тело, а првпат како непостојана членка во СБ на ОН влегува Доминиканска Република. Додека на Индонезија ова и е четвртипат, а на Јужна Африка – трет.

Повеќе од една третина земји членки на ОН никогаш не биле застапени во СБ на ОН, меѓу кои и Македонија, Србија, Словенија и Црна Гора.

Поранешна СФРЈ четирипати беше непостојана земја членка на СБ на ОН, а по распадот на Југославија, досега само Босна и Херцеговина беше застапена во СБ (2010-2011) и Хрватска (2008-2009).

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство