Советот на ОН за права на човекот одлучи синоќа да се формира анкетна комисија што ќе го истражува непочитување на човекови права во Јужен Судан.
Советот првично разгледуваше варијанта да ополномошти еден експерт за истрага по предлог на САД и на Албанија, но подоцна донесе со консензус резолуција за формирање тричлена комисија со едногодишен мандат.
Јужен Судан соопшти дека ќе соработува со комисијата, која треба да истражи тврдења за уништување села и напади врз цивили што може да претставуваат злосторства против човештвото.