Состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО

Од:

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО се состанаа денеска во Брисел за да го одредат новиот курс по годината, која беше одбележана со судирите од Украина до Блискиот Исток и завршувањето на мисијата на Алијансата во Авганистан.

Новиот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека американскиот државен секретар Џон Кери и министрите од 18-те земји ќе разговараат за начините на функционирање на Алијансата во „светот кој се менува“.

– НАТО мора да биде силен денес и силен утре за да се избори со кои било предизвици од истокот или од југот, изјави Столтенберг, кој на 1 октомври застана на чело на Алијансата.

Столтенберг истакна дека очекува на состанокот да бидат постигнати спогодби за зголемување на силите на исток заради спротивставување на Русија, спогодба за брзо реагирање на силите на НАТО, договор за поголема поддршка на Украина и потпишување спогодба за мисија за поддршка во Авганистан.

Генералниот секретар на НАТО 2014. ја опиша како „година на агресија, кризи и конфликти“.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата