Состанок на министри од Европа и Африка за начини за заштита на мигрантите

Од:

Министри на земјите од јужниот и северниот дел на Медитеранот денеска во Швајцарија ќе одржат состанок на кој што ќе се дискутира за заштитата на мигрантите на патот од Северна Африка до Италија.

Околу 17 илјади мигранти се чуваат во нехумани услови во кампови во Либија, според проценките на Агенцијата за бегалци на ОН, а илјадници други се во затвор.

– УНХЦР е со план за проширување на програми помогнати од ЕУ за мигранти од Либија до соседот Нигер, изјави за ДПА висок претставник организацијата на ОН пред почетокот на состанокот во Берн.

На состанокот во Швајцарија поканети се претставници на ОН, Црвен крст и ЕУ како и министри од Алжир, Австрија, Чад, Египет, Франција, Германија, Италија, Либија, Мали, Нигер, Малта, Слованија и Тунис.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он