Корејската компанија Samsung го претстави новиот уред во линијата Galaxy, Grand. Се работи за модел кој го има изгледот на Note 2 и перформансите на S2. Телефонот претставува златна средина од моменталните понуди.
Grand ќе има екран од 5 инчи, со резолуција од 800×400 пиксели. Мобилниот има процесор со две јадра од по 1,2 гигахерци и 1 гигабајт рам.
Ќе работи на новиот Андроид 4.1.2, а камерата ќе биде од 8 мегапиксели.