Соседите на Катар со листа на барања за надминување на кризата

Од:

Саудиска Арабија и другите арапски држави, кои ги прекинаа односите со Катар излегоа на листа на барања за прекин на кризата, меѓу кои и затворање на телевизијата Ал Џезира, прекин на дипломатските односи со Иран и затворање на турската воена база на своја територија.

Листата содржи 13 точки со кои се бара и Катар да ги прекине сите врски со движењето Муслиманско братство и со други групи како Хезболах, Ал Каеда и Исламска држава.

Претходно, Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа врските со Катар поради поддршка на тероризмот, обвинение повторено и од претседателот на САД, Доналд Трамп. Арапските држави поставија рок од десет дена за исполнување на барањата, во кои е вклучена и исплата на непрецизирана сума на отштета.

Според листата на барања, Катар треба да се откаже од натурализација на граѓани на четири земји и да ги протера тие кои се на негова територија. Предвидено е и Катар да ги предаде сите лица по кои е распишана потерница во Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Бахреин под обвинение за тероризам; да го запре финансирањето на екстремистичките организации, прогласени за терористички од страна на САД, како и да достави информации за опозиционерите.

Што се однесува во делот за Иран, се наведува дека Катар треба да ги затвори дипломатските претставништва во Иран и да ги протера сите членови на елитниот ирански воен Корпус на гардата на Исламската револуција и да тргува со Техеран во согласност со американските санкции.

Во барањето за затворање на Ал Џезира, чие седиште е во Доха се посочува дека Катар треба да ги затвори сите филијали на сателитскиот телевизиски канал. Тоа значи и затворање на редакцијата на англиски јазик. Соседите на Катар ја обвинуваат Ал Џезира дека поттикнува нереди во регионот и го поддржува Муслиманско братство.

Ако Доха се согласи да ги исполни барањата во првата година ќе биде набљудувана еднаш месечно, а во втората година – на три месеци. Во следните десет години Катар ќе биде набљудуван еднаш годишно.

Се уште нема реакција од катарските власти за листата за барања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот