Соработник на Јанукович пронајден мртов

Од:

Клучниот сојузник на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, некогашниот гувернер на источниот индустриски регион Запорожје, Олександр Пеклушенко е пронајден мртов во неговата куќа на село, со прострелна рана во врат, пренесе „Франс прес“.

Во соопштението на украинското Министерство за внатрешни работи се наведува дека според прелиминарниот извештај на истажителите станува збор за самоубиство.

Пеклушенко беше поранешен пратеник во украинскиот парламент и висок функционер во партијата на Јанукович, кому му беше одземена титулата гувернер кога поранешниот украински претседател побегна во Русија во 2014 година, а некое време беше и под кривична истрага поради блокада на про-европските протести во Запорожје.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17