Соработниците се дистанцираат од Трамп, тој наводно нема намера брзо да признае пораз

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп нема намера брзо да го признае евентуалниот дефинитивен пораз во изборната трка за втор мандат, и покрај водството на Демократскиот ривал Џо Бајден во државите клучни за исходот на изборите, тврди извор од Белата куќа за „Фокс“.

Изворот, кој работи во кабинетот на американскиот претседател, вели дека советниците му даваат на Трамп совети во двете насоки – едни наводно му зборувале дека е помудро да се повлече, додека други го туркаат да се бори се до моментот кога ќе се осигура дека гласањето е законско и легитимно.

Според изворот, претседателот им кажал на сите уште пред месеци дека е можно да се случат проблеми со гласањето преку пошта и со пребројувањето на гласовите, но дека никој не го сфаќал сериозно тоа сценарио, кое се остварило.

„Трамп на крајот ќе го признае поразот, но се уште не е стигнат до таа точка,“ вели изворот на „Фокс“.

Претходно, Си-ен-ен објави дека високите соработници на Трамп полека, но сигурно, се оддалечуваат од него.
Ситуацијата е иста како со вработените во Белата куќа, така и со луѓето од неговата кампања.

Веќе не е прашањето само дали ќе го признае поразот, туку што ќе стори подоцна.

-Готово е, изјави еден од клучните советници на Трамп. Тој вели дека владата е загрижена за тоа што ќе стори Трамп кога ќе сфати дека изгубил. „Боже, којзнае“, одговори тој.

Луѓе од кампањата ја доведуваа во прашање одлуката во неа да се вклучат Руди Џулијани и неговите синови, кои сега зборуваат за кражба на гласови, изјавил за телевизијата советник на Трамп, кој додава дека претседателот има право да го оспори резултатот, но и дека тоа го прави сосема погрешно.

Друг советник објаснува дека Трамп е изолиран кога станува збор за наводите дека му биле украдени гласовите.

-Тој е главно сам во тоа, вели советникот.

Но, други извори, исто така, велат дека некои луѓе се уште се со Трамп и му го кажуваат тоа што тој сака да го слушне.

Како потсетување, Џо Бајден е се поблиску до победа над Трамп. Според последните резултати, Бајден денеска направи голем пресврт во Џорџија и сега во оваа држава води пред Трамп, а по неколку часа се смени и резултатот во Пенсилванија, каде исто така поведе со неколку илјади гласови разлика.

Доколку во Пенсилванија остане ваквиот резултат, Бајден ќе има доволно електорски гласови да вкупна победа на изборите во САД, без разлика на резултатите во остантите држави каде се уште се бројат гласовите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп

Катерина Ѓуровски

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски