Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

Од:

Поранешната американска амбасадорка во ОН Ники Хејли денеска ќе се откаже од претседателската кампања, најавува Волстрит журнал, што значи дека поранешниот претседател Доналд Трамп и официјално ќе ја добие републиканската номинација за ноемвриските избори каде ќе се соочи со демократот Џо Бајден.

Хејли треба да одржи краток говор во 16:00 часот по средноевропско време. Таа ја донесе одлуката по Супер вторникот, кога Трамп освои 14 од 15 држави, вклучувајќи ги Калифорнија и Тексас, кои носат многу делегати. Хејли победи само во Вермонт.

Поранешната амбасадорка денеска нема да му изрази поддршка на Трамп, пишува WSJ, но ќе го охрабри да ја добие поддршката од републиканските и независните гласачи кои гласаа за неа. Хејли беше последниот ривал на Трамп за републиканската номинација.

Би можело да ве интересира

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Кукавички обид за атентат врз Трамп

Катерина Ѓуровски

Атентаторот на Трамп бил регистриран републиканец

Катерина Ѓуровски

Обид за атентат кој ја „сврте претседателската трка на глава“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Објавена е снимка на која се гледа реакцијата на обезбедувањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Прва снимка од Трамп по обидот за атентат

Катерина Ѓуровски