Сопругот на новоизбраната потпретседателка на САД даде отказ од работа

Од:

Даглас Имхоф, сопруг на новоизбраната американска потпретседателка Камала Харис, до јануари 2021 година ќе ги напушти сите свои работни обврски во ДЛА Пајпер, една од најголемите правни фирми во САД, за да се посвети на поддршка на новата администрацијата на Џо Бајден.

Во соопштението од изборниот штаб на Бајден се вели дека Имхоф зел неплатено отсуство во август, веднаш откако Џо Бајден објави дека Камала Харис е неговиот избор за потпретседател на САД.

Најавено е дека сопругот на новоизбраната потпретседателка ќе ги прекине сите врски со неговата компанија ДЛА Пајпер до инаугурацијата на Џо Бајден на 20 јануари 2021 година.

Камала Харис и Даглас Имхоф се во брак од 2014 година, кога таа ја извршуваше должноста државен обвинител во Калифорнија, по што во 2017 година беше избрана за сенатор во американскиот Конгрес.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска