Сопругата на лидерот на терористичката група Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, под неразјаснети околности исчезнала од камп на екстремистите во северната ирачка провинција Ниневија, информира денеска телевизијата „Ас Сумарија“, цитирана од ТАСС.
Според телевизијата, сопругата на Ал Багдади, Германката Дијана Кругер, од кампот исчезнала под нејасни околности. Заедно со неа се исчезнати и две жени, кои постојано биле до неа и биле сметани за нејзини помошнички.
Ал Багдади наредил да се формира елитна единица за пронаоѓање на престојувалиштето на неговата сопруга и за расчистување на прочините за нејзиното исчезнување „заедно со сите кои ја придружуваат“. Но, до овој момент судбината на Диана Кругер останува нејасна.
Ал Багдади и Кругер се зедоа на 8 октомври минатата година во ирачката провинција Ниневија, на церемонија што се одржа во целосна тајност. По свадбата тие се упатија во вториот по големина ирачки град Мосул, што е под контрола на ИД. До овој момент, меѓутоа, постојат противречни информации за тоа дали Ал Багдади е се уште во Мосул или се префрлил на сириска територија.
По свадбата со Ал Багдади, Диана Кругер ја вршела функцијата шеф на „шеријатскиот суд“ на ИД за женски дела, што дејствува во ирачките провинции окупирани од терористите.