Сон за мирна Европа

Од:

Овогодишната Карлова награда во Ахен е врачена на претседателот на Советот на ЕУ ван Ромпуј. Но, без соседите од истокот, Европа не е заокружена ниту совршена, смета во својот коментар Роберт Шварц.

Тој е човекот кој го чува единството на Европската унија. Покрај ова кусо и касно образложение уште минатата година беше донесена одлука на претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј да се додели Карлова награда за 2014 година. Тогаш се сметаше дека со ЕУ се е во ред. Економската криза беше доведена под контрола. Заканувачкиот финансиски колапс од земјите во криза, со парична поддршка во милијарди евра успеа да ги спаси од банкрот.

А потоа, 25 години по падот на комунизмот, дојде кризата во Украина и со неа опасност од нова студена војна. Така истокот на Европа уште повеќе дојде во фокусот на Западот, кој е принуден да реагира на новата закана од Русија. Шефот на Кремељ Владимир Путин, спротивно на сите меѓународни договори, прекројувајќи ја геополитичката карта, го доведе Западот пред свршен чин. Анексијата на Крим е само еден пример за тоа. Економските санкции во неколку фази против агресивната политика на Москва, како и стопанската и политичката помош на земјите на источна Европа кои сакаат да се ослободат од непријателската прегратка на Путин, е мешавина која на ЕУ повторно и дава сјај и одлучност, особини кои изминатите години се чинеа изгубени.

Европа на мирот, а не Европа на ѕидови и граници

Сега Европа, со доделбата на Карловата награда, повторно испрати вистинска порака. Поради кризата во Украина се промени текот на церемонијата во Ахен. Првпат од доделувањето на Карловата награда немаше лаудации. Наместо тоа, во Ахен беа поканети премиерите на три источно европски земји, кои порано беа во состав на Советскиот сојуз: Украина, Молдавија и Грузија, за да известат за тензичната состојба во нивните земји.

Арсениј Јаценјук, Лурие Леанца и Иракли Гарибашвили, истакнаа определеност на нивните земји за Европската унија. Само неколку дена по изборите за Европскиот парламент, на кои ветер во грб добија силите кои критички се настроени кон ЕУ, пораката од салата за крунисување на кралевите во Советот на Ахен гласи дека многу народи сонуваат заеднички сон за мир и слободна Европа.

Храбриот настап на трите европски премиери остави длабок впечаток на се. Кога украинскиот премиер Јаценјук вели дека никој нема право во Европа да повлекува нови граници или да подигнува нови ѕидови, тогаш тоа најдобро може да се разбере во порано поделената а сега обединета Германија.

А кога неговиот колега по функција од Молдавија укажа дека европските интеграции се егзистенцијално прашање, тогаш и последните критичари за проширувањето сфатија дека тие народи и земји имаат само една желба, да живеат во заедничка Европа. Да се препуштат сега сами на себе, би било казна и пропуст што неможе да се прости. На луѓето во Украина, Молдавија и Грузија им треба јасна европска перспектива.

Европа наместо Евроазија

Сигурно беше случајност што терминот на свеченоста за доделбата на Карловата награда во Ахен се поклопи со основањето на Евроазиската економска унија, во главниот град на Казахстан Астана. По повеќегодишните обиди на Русија и успеа двете поранешни советски републики Белорусија и Казахстан да ги нанами во заедничка унија. Но, во составот на таа унија најмногу недостасува Украина. Таа сврте грб на овој руски сојуз.

Никој на организаторите а најмалку Херман ван Ромпуј нема да забележи што премиерите на Украина, Молдавија и Грузија беа во центар на вниманието повеќе од добитникот на Карловата награда. Херман ван Ромпуј ненаметливо но одлучно со години водеше политика за отворање на ЕУ на исток. Со тоа тој даде свој придонес за успехот на Европската унија. И истокот на Европа сега треба да даде свој придонес, сонот за обединета Европа да стане реалност.

Дојче веле – Бон

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија