Сомнителен случај на ебола во Данска

Од:

Медицински работник од Данска, кој се вратил во земјата, бил подложен на тестирања за зараза со вирусот од ебола, која досега во западна Африка однесе приближно 4.500 жртви.

Данскиот оддел на „Лекари без граници“ соопшти дека еден од нивните вработени, кој во Данска се вратил од западна Африка, е тестиран на вирисот на ебола, бидејќи имал благо зголемена телесната температура, а анализите на крвта се очекуваат доцна попладнево.

Шпанија, пак, се најде во центарот на кризата, откако медицинска сестра од Мадрид беше првиот пациент заразен со вирусот надвор од западна Африка, што е погодена со епидемија од ебола.

САД од Владата во Мадрид побарале дозвола за користење на нивните четири воздухопловни бази во Шпанија во операцијата за сузбивање на епидемијата од ебола во западна Африка, изјави денеска официјален претставник на шпанското Министерство за одбрана.

Базите ќе се користат како транзитно место за логистиката и инженеријата, за полските болници во Либерија и Сиера Леоне, изјави неименуваниот претставник на министерството.

– Ниту еден од авионите нема да превезува пациенти или луѓе за кои постои сомнеж дека се заразени со ебола или биле во контакт со заразени, изјави претставникот за британските медиуми.

Шпанија, која допрва треба да се изјасни за ова американско барање, ќе има право на проверка на авионите и патниците, додаде тој.

Одлуката ќе треба да биде соопштена утре, кога шпанскиот министер за одбрана Педро Моренес во Вашингтон ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген