Сомалиски имам уапсен за планирање терористички напад во Рим

Од:

 Италијанската полиција уапсила сомалиски имам, кој планирал атентат во Рим, информира весникот „Кориере дела сера“.

Апсењето е извршено утринава во бегалски центар во градот Кампомарино Лидо, во италијанската провинција Кампобасо.

Имамот (22) чие име не се наведува, во овој центар очекувал да му биде даден азил во Италија. За време на својот престој таму тој агитирал останатите мигранти да извредуваат насилни напади во име на џихадот, а пред нив често пати ги споменувал Исламска држава, Ал Каеда и Ал Шабаб.

Имамот бил уапсен по двомесечна истрага. За време на првиот распит тој кажал дека имал намера нападот во Рим да го почне  од железничката станица Термини, а потоа зборувал за самозапалување и за напад врз редакцијата на весникот „Шарли ебдо“.

За  време на својот престој во бегалскиот центар Сомалиецот често пати ги фалел атентаторите од Париз и мачеништвото на џихадистите.

Во текот на истрагата против Сомалиецот властите успеале во неговата соба во бегалскиот ценатр да инсталираат скриена камера. Преку неа тие виделе дека во собата имамот често пати на Интернет ги гледал снимките од атентатите во Париз, што беа изведени минатата година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески