Социјалистите и либералите договорија нова влада на Шпанија

Од:

Шпанските социјалисти во трка со времето за излез од повеќемесечниот политички ќорсокак по изборите кои завршија без сигурен победник, денеска објавија дека либералната партија Граѓани (Ц’с) се согласила да го поддржи нивниот кандидат за нов премиер на Шпанија.

– За 45 минути ќе го објавиме документот, изјави Антонио Ернандо, раководител на преговарачкиот тим на Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) во коалициските разговори со другите партии.

– Договорот со партијата Граѓани ќе овозможи поддршка за социјалистичкиот лидер Педро Санчез, додаде тој.

Еррнандо истакна дека договорот ќе биде им биде претставен на партиските лидери текот на денот, потоа и на медиумите, по што ќе биде и официјално потпишан во Долниот дом на Парламентот.

Социјалистите се обидуваат да обезбедат поддршка од останатите партии за формирање на малцинска Влада, избегнувајќи на тој начин ризична коалиција со партијата Подемос, која се противи на мерките за штедење.

Договорот со либералите му овозможува на Санчез да обебзеди доволно гласови во Парламнетот за идната недела да биде иозбран за премиер.

Сепак, дури и со гласовите од партијата Граѓани, Санчез ќе има поддршка од 130 од вкупно 350-те пратеници во Парламентот, па ќе биде потребно останатите партии, како Подемос, да го поддржат или да бидат воздржани за време на гласањето.

ПСОЕ и Граѓаните вчера соопштија дека се многу блиску до договор, кој ги вклучува барањата на либералите за големи реформи во земјата и во судството, со цел да се „регенерира демократијата“ и кои вклучуваат и промени на Уставот со кои би се укинал парламентарниот имунитет за пратениците.

Подемос со 65 места во Парламентот е клучен играч околу изборот на новата влада, откако Народната партија на актуелниот премиер Маријано Рахој го загуби парламентарното мнозинство на декемвриските избори. Партијата најави дека ќе гласа против секоја евентуална влада во која таа нема да биде вклучена.

– Ова не е договор за Влада, не е номинација, бидејќки бројките едноставно не се доволни. Пред оваа земја има долг пат до изборот на нов шеф на владата, изјави вчера лидерот на Подемос, Пабло Иглесиас.

Доколку Санчез, кому кралот Филипе Шести му го довери мандатот за формирање нова влада, не успее да обезбеди мнозинство за да биде избран за премиер и доколку во рок од два месеци не биде поситгнат никаков коалициски договор, во јуни во Шпанија ќе бидат одржани нови избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски