Собранието на Светската здравствена организација (СЗО) денеска усвои резолуција со која се осудуваат руските акции во Украина, што доведоа до вонредна состојба во здравството.
– Резолуцијата беше усвоена со 88 гласа „за“, 12 „против“ и 53 воздржани, изјави претседавачот на состанокот Хироки Накатани.
Одлуките на годишните собранија на СЗО вообичаено се носат со консензус.
Земјите-членки на СЗО треба да гласаат и за паралелниот предлог поднесен од Русија, кој исто така изразува длабока загриженост за моменталната здравствена состојба во и околу Украина.
Извор: МИА