Соборен рекорд во брзина на лет меѓу Њујорк и Лондон

Од:

Компанијата „Бритиш ервејз“ веројатно го урна рекордот откако го изведе најбрзиот подзвучен лет, при што нејзиниот авион достигна брзина и од 1200 километри на час.

Патничкиот авион „боинг 747-436“, во текот на ноќта од сабота кон недела, од аеродромот Џеј Еф Кејџ до Хитроу стаса за само четири часа и 56 минути.

Тоа е за една минута побрзо од летот на „Вирџин Атлантик“, чиј ербас стаса на на аеродромот само неколку моменти подоцна.

Претходниот рекорд беше на норвешка компанија од јануари 2018 година, кој истото растојание го мина за пет часа и 13 минути.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он