Со нож тешко ранета полицајка во близина на Нант

Од:

Општинска полицајка денеска претпладне е сериозно повредена во напад со нож во Ла Шапел-сур-Ердр, во близина на Нант. Во потрагата по напаѓачот, кој побегнал со службеното оружје на полицајката, беа вклучени 240 припадници на жандармеријата и два хеликоптери. Осомничениот бил уапсен жив, но последните информации говорат дека починал, додека, тројца жандарми се ранети по престрелката со него.
Според полициски извор, ранетата полицајка е во животна опасност.

Националната жандармерија на Твитер даде директива да се избегнува секторот и строго да се почитуваат упатствата на жандармеријата. Во градот, неколку продавници, исто така, беа евакуирани, а околните училишта дополнително обезбедени.

Напаѓачот е Ндиага Диеје ( 40) во Сант Назер. Тој им бил познат на службите поради насилство врз силите на редот и радикализација.

Министерот за внатрешни работи се очекува да пристигне на местото на нападот.

Ова е трет напад врз припадник на француските полициски сили во последните неколку седмици.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он