Со миса пред 700.000 лица, папата ја заврши посетата на Панама

Од:

Поглаварот на Католичката црква, папата Франциско денеска одржа миса пред околу 700.000 лица во Панама Сити, со што официјало заврши неговата неколкудневна посета на Панама.

На мисата, оджана по повод католичкиот Ден на младоста, присуствуваа и претседателите на Панама, Гватемала, Колумбија, Костарика, Салвадор, Португалија и Хондурас.

За време на престојот во Панама, папата во петокот одржа литургија и во еден панамски затвор, при што ја осуди општестевната маргинализација и стигматизација на криминалците и грешниците, нагласувајќи дека наместо тоа, општеството треба да им создаде услови да се променат.

Понтифот порача дека општеството е „склоно кон етикетирање на луѓето на добри и лоши, правични и грешници“.

– Таквиот став уништува се, бидејќи од него израсна невидливиот ѕид, кој прави луѓето да мислат дека ако ги маргинализираме другите, сите наши проблеми ќе бидат решени на волшебен начин. Ако општетството или заедницата дозволат нешто такво и не прават ништо дуго освен да се жалат и озборуваат, тогаш тие влегуваат во злобниот круг на поделби, обвинувања и осуди, порача папата Франциско во обраќањето пред затворениците.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

ВИДЕО: Зеленски се сретна со папата

Ана Ололовска

Папата Франциск: Украина треба да се откаже од офанзиватa

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Ана Ололовска

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан