Со автомобил влетал на карневал во Германија и повредил најмалку 15 луѓе, меѓу кои и деца

Од:

Најмалку 15 луѓе, меѓу кои и деца, се повредени откако возач со залетал со својот автомобил во група луѓе на карневалска поворка во германскиот град Фолкмарсен, јавуваат странските агенции.

Според првичните информации, најмалку 15 лица се повредени, а возачот е притворен.

Засега не е позната причината за инцидентот.

Додека полицијата ја води истрагата, останува нејасно дали возачот намерно се залетал со автомобилот кон учесниците на карневалот. Некои германски медиуми, повикувајќи се на сведоци, наведуваат дека возачот првично се залетал кон децата и влетал 30 метри во групата.

 

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас