Едвард Сноуден изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги би бил жив ако израелската компанија „НСО група“, одбила да продаде своја технологија на Саудиска Арабија.
Сноуден во интервју за израелскиот весник Једиот ахронот рече дека „постои реална можност Кашоги да би бил жив ако НСО одбила да продаде своја технологија на Саудиска Арабија, држава што има долга историја на кршење на човекови права“.
– Без разлика дали ќе се согласите со мене или не, јасно е дека работата на НСО групата е опасна…тие велат дека спасуваат животи, но доказите сугерираат дека го прават спротивното, вели Сноуден, поранешен соработник на американската Агенција за национална безбедност.
Извршниот директор на НСО Шалев Хулио изјави за истиот весник претходно дека нивни софтвер „Пегаз“ може да се користи на далечина ако се зарази со вирус мобилен телефон и потоа од него да се соберат податоци и дека тој софтвер го користат блискоисточни држави.