Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

Од:

На Твитер/Х се појавија снимки од апсењето на терористите кои вчера отворија оган врз присутните во концертната сала Крокус во Москва.

Единаесет лица се уапсени откако било забележано возилото кое било на местото на настанот. Четворица од терористите биле пронајдени во близина на тромеѓето со Белорусија и Украина, а официјална Москва смета дека тие имале контакти зад границата со Украина и планирале да се скријат таму.

 

Руските медиуми објавија имиња и фотографии од осомничените и според нив, имињата се Макмадрасул Насридинов (27), Ривожидин Исмонов (51), Шокинџон Сафолзода (21) и Рустам Назаров (29).

Тие бегале со бело Рено со регистарски таблички од областа Твер.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија