Снимка на FlightRadar покажува како Русите масовно бегаат од земјата

Од:

Русите почнаа масовно да ја напуштаат земјата откако Владимир Путин утринава нареди мобилизација. Авиобилетите за дестинации за кои не е потребна виза експресно се распродадоа, а останатите, пишуваат медиумите, се достапни само за петок по цени од илјада евра па нагоре.

За масовниот егзодус на Русите пишува и FlightRadar, позната веб-страница која се занимава со следење летови. Тие објавија кратко видео на кое се гледа воздушниот сообраќај од Москва и Санкт Петербург направен утрово. Од видеото се гледа дека сообраќајот бил зголемен, а најголем дел од летовите завршиле во Турција.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија