Снежно невреме во Германија и Швајцарија

Од:

Региони на Германија, Швајцарија и Австрија се под снег.

Посебно хаотично е во Баварија каде наврна огромно количество снег. Поради обилните врнежи на снег речиси се е заглавено во Минхен, главниот град на Баварија. Јавниот превоз беше суспендиран, а летовите на аеродромот во Минхен, вториот по големина во земјата, беа прекинати. Многу снег падна во Швајцарија, а паѓа и во Австрија.

Иако првите информации беа дека летовите ќе бидат прекинати до пладне, аеродромот во Минхен соопшти дека, поради продолжувањето на обилните снежни врнежи, прекинот на летовите ќе биде продолжен до утре до 6 часот.

„На патниците им се препорачува да не патуваат денес на аеродромот и да го проверат статусот на нивниот лет со својата авиокомпанија пред да отпатуваат утре на аеродромот“, соопштија од аеродромот.

Германската метеоролошка служба DWD прогнозираше долготраен снег до сабота попладне за поголемиот дел од Баварија, а на места се очекуваат дури 30-40 сантиметри снег, „од кои голем дел треба да падне во текот на ноќта во сабота“.

Повеќето локални автобуски и трамвајски услуги беа откажани од петок навечер до сабота во Минхен, бидејќи условите на патиштата се влошија.

Освен во Баварија, каде предизвика големи проблеми во сообраќајот, голема количина снег падна и во Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

На Јахорина паднаа 30 сантиметри снег, се очекуваат нови врнежи

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“