Снег и студ во Шпанија

Од:

Зимата се врати во Шпанија со обилни врнежи од снег и големо намалување на температурите, дури и во јужните провинции Севиља, Кордоба и Хуелва.

Поради големиот студен бран од Атлантикот оваа зима првпат падна снег и во Мадрид.

Во централните и северните реони во текот на минатата ноќ температурата се спуштила под нулата, а во Лерида и Каталонија достигна и до минус 10 степени.

Блокирани се неколку планински премини, а во некои рурални средини во северниот дел од земјата откажана е наставата во училиштата.

Долж брегот на Бискајскиот Залив и Средоземното Море дува силен ветер, кој на моменти достигнува брзина и до 70 километри на час. Брановите се со височина од шест метри.

Метеоролозите за утре во Шпанија најавуваат поројни дождови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе