Смртта на мало дете ја потресе Полска: Очувот брутално го малтретираше, премиерот e за враќање на смртната казна

Од:

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека е за повторно воведување на смртната казна по случајот со ужасно малтретираното момчето Камилек, чија смрт ја шокираше Полска.

– Пропадна човечкиот фактор, потфрлија институциите – рече Моравјецки на прес-конференцијата.

Осумгодишниот Камилек од Четохова, кој беше малтретиран од неговиот очув, почина во понеделник наутро во Детската болница во Катовице.

„Сакам да ја наречам оваа трагедија со вистинското име. Само чудовиште може да направи такво зло на невино дете кое не може да се одбрани. Местото за такви криминалци, садисти, изроди не е само затвор. Јас го изразив мое мислење повеќе од еднаш за тоа – за злосторства со екстремна суровост, со таква предумисла, врз невини жртви. Јас сум за повторно воведување на смртната казна, но таа е укината низ цела Европа“, рече полскиот премиер, пренесува Polsat.news.

Случајот со малтретираното дете излезе на виделина кога надлежните служби открија дека детето е изложено на насилство. Итната полиција најде страшна сцена – момчето имаше сериозни и големи повреди, а состојбата му беше толку сериозна што со хеликоптер беше пренесено во болница.

Како што утврдила истрагата, Дејвид Б.(27), партнерот на мајката на Камил, го малтретираше детето, меѓу другото, со тоа што го турнаше во зовриена вода или го тераше да седи на врел шпорет. Ова предизвика изгореници на главата, градите и екстремитетите на детето.

На телото на момчето беа видливи и траги од претходно малтретирање. Осомничениот очув го претепа Камил, го клоцаше и му изгасна цигара на телото. Осумгодишното дете имаше и повеќе скршеници на екстремитетите и изгореници.

За злоставување на момчето, покрај очувот, обвинета е и мајката на Камил, Магдалена Б. Полицијата се сомнева дека таа го изложи детето на непосредна опасност по животот и здравјето и дека му помагала на партнерот да го малтретира детето.

Очувот ги признал наводните злосторства, а мајката ја признала вината. И двајцата добија три месеци притвор. Дури и тетката на Камил, Анета и нејзиниот сопруг беа обвинети дека не му помагале на детето.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница