Претседателот на Индонезија Јоко Видодо денеска изјави дека нема намера да го менува законот според кој нарко дилерите во оваа држава ќе бидат осудувани на смртна казна. Основнта причина за ова, рече Видодо е податокот што во 265 милионската Индонезија има 4,6 милиони регистрирани зависници, а годишно од последиците на прекумерно уживање на наркотици умираатн околу 18.000 зависници.
Претседателот на Индонезија ваквиот став го соопшти по вчерашната изјава на главниот јавен обвинител на Индонезија Прасето, кој вчера најави дека се подготвуват егзекуциите на уште десетмина на смрт осудени нарко дилери од кои 4 се странски државјани.
По петгодишен мораториум, во 2.013 година во Индонезија е обновено извршувањето на смртната казна. Од 116 осудени на смрт по 2.003 година до сега казната е извршена над шеесетмина, а ни еден апел за помилување до сега не беше усвоен. Егзекуцијата предизвика бура реакции во меѓународната заедница, особено во Холандија,Австралија и Бразил, чии сограѓани годинава беа ставени пред стрелачкиот строј. На критиките, покрај другото, Јоко Видодо наведе дека смртни казни за нарко дилерите се извршуваат и во Малезија, Сингапур и Саудиска Арабија.