Смртна казна за 10, доживотен затвор за 50 лица во Египет

Од:

Судот во Египет осуди 10 лица на смртна казна, а повеќе од 50 на доживотен затвор, под обвинение за поддршка или извршување напади врз безбедносните сили и саботажа на државната инфраструктура.

dobivaj vesti na viber

Британските медиуми јавуваат дека египетското Обвинителство ги поврзало нападите што се случија во Каиро меѓу 2013 и 2015 година со движењето Муслиманско братство, кое сега е забрането во земјата.

Судот испрати барање до египетската врховна власт, Големиот муфтија, да ја одобри егзекуцијата во јануари.

Амнести интернешенел соопшти дека масовното судење, во кое учествуваа повеќе од 200 обвинети, е крајно нефер и повика на укинување на казните.

Муслиманското братство неколкупати победи на изборите во Египет, вклучително и на оние кога нивниот кандидат Мохамед Морси победи на претседателските избори. Една година подоцна, по масовните демонстрации, тој беше соборен со воен удар и ставен во домашен притвор.

Движењето потоа беше забрането во Египет и прогласено за терористичка организација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 17 загинати во сообраќајна несреќа во јужниот дел на Египет

А1он

Во сообраќајна несреќа во Египет 22 загинати, 33 повредени

Прва средба меѓу Бајден и Ал Сиси

Ана Ололовска

„Известија“: Саудиска Арабија, Египет и Турција планираат присоединување кон БРИКС

(ВИДЕО) Уште еден смртоносен напад на ајкула во Хургада: Втората жртва е Романка

Ана Ололовска

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Хорор во Хургада: Жена изгризана од ајкула пред капачите, лекарите не можеле да ја спасат

Ана Ололовска