Смотрич најави изградба на 3.400 станбени единици на Западниот Брег

Од:

Израелскиот министер за финансии од крајната десница, Безалел Смотрич, ги објави плановите за одобрување на тендер за изградба на над 3.400 станбени единици во контроверзниот проект за населба Е1 помеѓу Ерусалим и Маале Адумим на Западниот Брег, објавија израелските медиуми.

Смотрич исто така, рече дека планот ќе „ја закопа идејата за палестинска држава“, објави „Тајмс оф Израел“.

Проектот е замрзнат со децении поради жестокото противење од меѓународната заедница, која стравува дека новата населба ќе го блокира одржливото решение за создавање палестинска држава, објави весникот.

Би можело да ве интересира

Најмалку деветмина загинати во израелски напади во Појасот Газа

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

ВИДЕО: Израелски доселеници упаднаа во палестински села, запалија автомобили и имот на Западниот Брег

Ајзенкот навести формирање малцинска влада со поддршка од арапските партии

А1он

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран