Сменети петмина португалски воени команданти по грабежот на оружје од воено складиште

Од:

Петмина воени команданти на португалската војска се сменети по грабежот на оружје, експлозив и муниција од военото складиште на армијата во местото Танкос, северо-источно од главниот град Лисабон.

Командантите се сменети на почетокот на истрагата што ја отвори армијата, но првите сознанија навестуваат дека тие не биле во директна врска со грабежот и со неговите извршители.

Португалскиот претседател Марсело Робело де Соуза го оцени грабежот како тежок инцидент и побара поширока истрага за целиот случај.

Во соопштението од неговиот кабинет се посочува дека треба да се испитаат и можните врски на крадците со други земји-членки на НАТО, но не се споменува за кои земји станува збор.

Локалните медиуми пишуваат дека грабежот бил откриен на 28 јуни и деталите за него и за тоа што е украдено, биле веднаш пренесени на сите земји-членки.

Владата во Лисабон и Министерството за одбрана го карактеризираа случајот како „сериозен“, но не изнесуваат детали за тоа што е одземено.

Интернет весникот „Еспањол“, што излегува во Шпанија, единствен засега открива детали од списокот на украденото оружје и муниција, предупредувајќи дека се одземени 150 рачни гранати, 44 антитенковски гранати, 102 експлозивни полнења, 264 парчиња пластичен експлозив и околу 1.500 парчиња со 9-милиметарска муниција.

Весникот пишува дека деталната листа со украденото оружје им била предадена на шпанските специјални сили за антитероризам.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски