Смена на премиерката на Перу поради шпионирање на ривалите

Од:

Премиерката на Перу најверојатно ќе поднесе оставка откако Конгресот со мнозинство гласови ѝ изгласа недоверба поради обвиненијата дека шпионирала политички ривали.

За смена на премиерката Ана Хара Валаскез, која пред помалку од година ја презеде должноста, гласале 72 пратеници, додека 42 биле против.

Валаскез, која демантира дека ги шпионирала политичките противници, сега има обврска да му поднесе оставка претседателот Оланта Умала, кој има 72 часа за да ја прифати оставката.

Ова е една од најголемите кризи во претседателскиот мандат на Умала, од неговото стапување на должност во јули 2011 година, а, исто така, ова е првпат по половина век Конгресот да смени премиер.

Премиерката ја обвинуваат дека со помош на перуанската разузнавачка служба со години собирала податоци за истакнати бизнисмени, политичари, новинари, припадници на армијата, како и за членови на нивните семејства.

Валаскез, по обвинувањата, го отпушти директорот на разузнавачката служба и наложи детална истрага, демантирајќи дека некогаш наредила следење или користење на присобраните информации

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните