Словенката Булц утре на интервју со Јункер, новата Еврокомисија може да биде избрана идната недела

Од:

Потпретседателката на Владата на Словенија, Виолета Булц, утре ќе има интервју со идниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во врска со нејзината кандидатура за еврокомесар, јави дописникот на МИА од Брисел.

Откако Аленка Братушек пројде катастрофално на сослушувањата пред двата комитети на Европскиот парламент во однос на нејзината кандидатура за потпретседател на Комисијата задолжена за Енергетската унија, словенечкиот премиер Миро Церар ја предложи својата заменичка како нов кандидат на Словенија за еврокомесар.

– Потврдувам дека заменик-премиерката на Словенија утре во 18:00 часот во Брисел ќе разговара со Јункер. Целта на интервјуто е идниот претседател на неформалната Влада на ЕУ да ја запознае Булц и да одреди како стои во однос на своите познавања и интереси и која позиција да ја добие во идната Еврокомисија. Јункер е и во контакт со политичките лидери во ЕП и со премиерот на Словенија, со цел да се најде пошироко прифатлив договор за ова прашање, потврди денеска Маргритис Схинас, портпарол на наследникот на Жозе Мануел Барозо.

Схинас не сакаше да ги коментира шпекулациите дека Братушек добила ветување од Јункер дека, сепак, ќе добие некакво вработување во Европската комисија.

Во зависност од утрешното интервју со Булц, според договорите на ЕУ, Јункер прво треба да го одобри предлогот на словенечката Влада за кандидат за еврокомесар, а потоа Советот на ЕУ треба да изврши преглед на листата за новиот состав на Еврокомисијата, односно повторно да се прифатат 27-те имиња за кандидати за еврокомесари, по што би се одредило кој ресор би го добила Словенката.

Портпаролот Схинас рече дека за целата оваа работа ќе бидат потребни неколку дена, но дека Брисел интензивно работи на тоа новата ЕК да биде прифатена идната недела, на 22 октомври на пленарна седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Тој, исто така, потсети дека Јункер не донел одлука и кој ресор да го добие унгарскиот кандидат Тибор Наврачич, кој доби селено светло во ЕП за да биде член во идниот Колеџ на комесари, но европратениците побараа да добие друг ресор наместо сегашниот за образование, култура, млади и граѓанство.

Портпаролот на Јункер, исто така, потврди дека неговиот шеф добил само едно име, а тоа е Виолета Булц од страна на словенечката Влада за кандидат за еврокомесар, а не како претходно три имиња, па затоа само со неа ќе разговара. Тоа е опасносно ако и Булц не мине во Европарламентот, по што почетокот на работата на Комисијата на чело со Јункер би требало да се одложи за еден месец и наместо на 1 ноември, да стартува со работа ан 1 декември.

Таков развој на настаните, наводно, би му одговарал на Јункер и поради тоа што на 22 ноември би требало да се поведе постапка против Франција за пречекорување на одредбите за прекумерен дефицит на буџетот, откако оваа земја доби задача до 2014 година да го сведе буџетскиот дефицит под три отсто. Но, француската Влада реши тоа да го стори до 2016 година, што е кршење на препораката на Комисијата, па ако од 1 ноември стартува новата Комисија, отворањето на оваа постапка би требало да го стори токму Французинот Пјер Московиси, кој беше министер за финансии на Франција до пред еден месец.

Имено, Московиси ќе биде комесар за економски и монетарни прашања на новата ЕК и тој ќе биде стриктно задолжен за надгледување на националните буџети и во случајов би имал сериозен судир на интереси оти лично ќе треба да ја стави на тапет одлуката на француската Влада за одложување на намалувањето на буџетскиот дефицит за која тој самио гласал.

– Не можеме да потврдиме дека новата Еврокомисија предводена од Жан-Клод Јункер ќе почне со работа од 1-ви, односно од 3-ти ноември, вели порпаролот Маргритис Схинас, кој одби да каже дали Јункер им одредува лоши советници во подготовките на идните комесари, откако Словенката Братушек ги обвини советниците од Брисел дека и го минирале настапот пред европратениците со своите лоши совети.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат