Словенија се подготвува да ја признае Палестина

Од:

Одборот за надворешна политика на словенечкиот парламент наскоро ќе расправа за иницијативата Словенија да ја признае независноста на палестинската држава, а сега за тоа се залагаат две партии на левицата, пренесе Мета.

Партијата Здружена левица (ЗЛ), која во парламентот има пет претставници, во вторникот побара итно свикување седница на одборот за надворешна политика за признавање на Палестина.

– Словенија веќе со години се двоуми во поглед на решавањето на кризата на Блискиот Исток и заостанува зад меѓународната заедница. Вистинско време е да заземе проактивен став, а за признавање на Палестина како независна држава се исполнети сите услови – рече Мајет Ватовец од ЗЛ.

Партијата Социјални демократите (СД), која е дел од владината коалиција, исто така смета дека е време Словенија да ја признае палестинската државност.

– Жалиме што тоа не се случи порано – изјави за Словенечката новинска агенција СТА, Матјаж Немец од СД.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Песков: Русија ја признава државата Палестина