Следната недела Украина ќе го добие одговорот од Брисел за аспирациите за членството во ЕУ

Од:

Шефицата на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен денеска во Киев вети дека следната недела ќе пристигне одговорот од Брисел на амбициите на Украина да се кандидира за членство во Европската унија (ЕУ).

-Сакаме да ја поддржиме Украина на нејзиниот европски пат, рече Урсула фон дер Лајен на кратката прес-конференција по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека на истокот од земјата продолжуваат борбите, откако на 24 февруари Русија ја почна инвазија врз Украина.

Претседателката на ЕК кажа дека денешните разговори ќе овозможат проценката на европските амбиции на Украина да биде завршена до крајот на следната недела.

Според неа, украинските власти „направиле многу“ во врска со кандидатурата, но има „уште многу повеќе да се направи“, особено во борбата против корупцијата.

Иако многу земји, главно во источна Европа, го поддржуваат членството на Украина, некои земји изразија одредени резерви, а тука пред сите се Холандија, Данска, Германија и Франција.

За време на нејзината претходна посета на Киев, на 8 април, Фон дер Лајен порача дека Украина има европска иднина.

Би можело да ве интересира

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Без американска помош блокирана во Конгресот, Украина ќе ја изгуби војната