Складиштата за гас во ЕУ исполнети до 84 проценти

Од:

Европската комисија соопшти дека складиштата за природен гас во Унијата се исполнети околу 84 проценти, пренесува агенцијата Бета.

Нивото на искористеност на заедничките складишта за природен гас во ЕУ во декември беше за 13 отсто повисоко од просекот за периодот 2016-2018 година, соопшти Европската комисија.

Поради стравувања од недостиг во текот на зимата, 27-те земји-членки на Унијата минатата година почнаа да складираат гас. Нивото на заеднички резерви гас до септември достигна 82 отсто, што е повеќе од зацртаната цел за исполнетост на резервите од 80 проценти до ноември. За тоа придонесе и падот на потрошувачката на гас од 20 отсто од август до ноември, поради растот на цените.

Поради санкциите воведени од Европската унија за нападот врз Украина, Русија минатата година значително ја намали испораката на гас за земјите од ЕУ. Пред почетокот на инвазијата на Украина, Европа набавуваше 40 отсто од вкупното количество гас од Русија, а сега само околу девет отсто.

Првата редовна испорака на течен природен гас од САД пристигна во Германија во вторникот, како дел од напорите на земјите од ЕУ да најдат нови добавувачи и да ги заменат ресурсите што порано ги обезбедуваа од Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа