Скандал во Италија: Зеленски ја изнајмува својата вила на Руси

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им ја изнајмил својата луксузна вила во Тоскана на Русите за месец август, објави во вторникот италијанскиот весник Ил Тирено. Во меѓувреме, Зеленски ги повика лидерите на ЕУ да ги одбијат визите за руските туристи.

Рускиот пар кој има право на престој во Лондон ја изнајмил вилата за месец август, плаќајќи шокантна сума од 50.000 евра (50.237 долари), пишува весникот. Вилата, која се наоѓа во крајбрежниот град Форте деи Марми, ја купил Зеленски за четири милиони евра додека украинскиот лидер сè уште бил актер, се додава во извештајот.

Фотографиите објавени од парот на социјалните мрежи потврдија дека тие престојувале на имотот на Зеленски, соопшти Ил Тирено. „Кориере дела сера“, друг италијански весник, контактирал со агентот за недвижности кој управувал со имотот, кој рекол дека „станарите не биле Руси, но не можам да кажам повеќе бидејќи приватноста ме спречува.“ Сепак, весникот вели дека станарите најверојатно биле руско потекло, „но дека имаат долгогодишен престој и можеби англиско државјанство“.

Би можело да ве интересира

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски