Скај ТВ: Првпат по 1952 година НАТО собори руски воен авион

Од:

Првпат по 1952 година, една земја членка на НАТО собори руски воен авион, посочува британската телевизија Скај во анализата по денешниот инцидент во близина на сириско-турската граница, во кој турските воени сили тврдат дека нивни авиони собориле руски „Су-24“.

dobivaj vesti na viber

Турската страна соопшти дека „странскиот авион“ го повредил воздушниот простор на Турција и пред да биде истрелана ракета кон него, бил „десет пати предупреден, во рок од пет минути“.

Руското Министерство за одбрана, меѓутоа, тврди дека авионот кој летал на 6.000 метри височина, бил погоден со ракета од земја.

Во соопштението на Министерството во Москва се вели дека соборениот руски „Сухој“ ниту во еден момент не го повредил турскиот воздушен простор и дека постојано летал над сириската територија.

Скај телевизија во извештајот од рускиот главен град јавува дека Министерството за одбрана сооштило дека располага со „прецизини докази„ дека авионот кој е соборен не повредил странски воздушен простор.

Според оваа британска телевизија, станува збор за „исклучително сериозен и политички опасен настан“ не само поради тоа што авиони на НАТО соборија авион на руската воена авијација, туку и поради неизвесноста како понатаму ќе се развиваат работите, не толку на сирискиот фронт, колку во односите меѓу Русија и Западот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков во првата изјава само кусо рекол дека „станува збор за сериозен инцидент, но дека засега е рано да се извлекуваат попрецизни заклучоци“.

Во Лондон се оценува дека првите реакции во Москва се внимателни и со одбрани зборови. Скај тв открива дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров треба утре да допатува во Турција во една, како што се вели, мошне важна мисија, што може да ја објасни ваквата првична руска реакција.

Русија во овој момент настојува да утврди прецизно што навистина се случило, а силите стационирани во Сирија, први да ги најдат пилотите на „Сухојот“ за кој се верува дека катапултирале и дека се живи.

Руски воени хеликоптери ја пребаруваат зоната во реонот на Латакија, каде паднал авионот, но западните медиуми јавуваат оти сириските бунтовници веќе се пофалиле дека едниот од пилотите е во нивно заробеништво.

Би можело да ве интересира

Американскиот секретар за одбрана: Го предупредив Шојгу за нуклеарно оружје

Ана Ололовска

Во координиран одговор, членките на ЕУ ги повикуваат на разговор руските амбасадори

Ана Ололовска

Черњев: Украина ќе стане членка на НАТО по победата над Русија

Ана Ололовска

Што значи мобилизацијата за Русија – крај на пазарењето на Путин со народот

Ана Ололовска

Украинско разузнавање: Белорусија се подготвува да прими руски војници

Ана Ололовска

Советникот на Зеленски: Можни се преговори, но само со новиот претседател на Русија

Ана Ололовска